„Киев е подготвен, но Москва не одговори“ – Зеленски за преговорите за прекин на војната

by irena 22:55
22:55

Украина е подготвена да преговара за прекин на војната со Русија, но Москва сè уште не одговорила за своето учество на состанокот во Соединетите Држави планиран за следната недела.

Зеленски во вечерното видео обраќање рече дека украинскиот тим е постојано ангажиран и е во контакт со американската страна, објави Укринформ.

На 11 јануари, Зеленски рече дека ја прифатил понудата на САД да одржи уште една рунда разговори следната недела за прекин на војната со Русија.

Според Зеленски, уште една рунда мировни разговори е закажана за вторник или среда, иако во моментов не е јасно дали Русија ќе се согласи на тие разговори во САД.

Слични вести