Макрон: Нема итна потреба од започнување дијалог со Путин

by irena 22:30
22:30

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека нема итна потреба од започнување дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи ја важноста на соработката меѓу Европејците во подготовката на тој разговор, чија тема ќе биде не само Украина, туку и европската безбедносна архитектура.

Тој по самитот на ЕУ во Белгија изјави дека европските земји пред сè треба да се договорат што ќе бараат на средбата со Путин, објави Фигаро.

„Не е прашање на денови, ние подготвуваме работи“, рече Макрон, нагласувајќи дека европските земји не сакаат само безбедносни гаранции за Украина, туку и да разговараат за иднината на Европа и нејзината безбедносна архитектура.

Слични вести