2
Камениот мост во Скопје од вечерва доби ново архитектонско и декоративно осветлување.
Проектот за обновување на светлосната инсталација произлезе од Протоколот за соработка меѓу Град Скопје и турската Општина Есенлер, со учество на приватни партнери.
Светлосната поставка опфаќа линиски светилки и насочени рефлектори монтирани во долниот дел од мостот.
Нивната задача е рамномерно да ги осветлат лаковите и столбовите што со векови ги спојуваат двата брега на Вардар.
Претходната инсталација долго време работеше со намален капацитет.