Киднапирале 11-годишно дете и го терале да питачи

by Fokus

Десетина минути пред полноќ синоќа, во полициската станица во Ѓорче Петров, 27-годишната С.Б. од Чичино Село-скопско, пријавила дека нејзиното 11 годишно дете на последна автобуска постројка во селото Сарај, било пресретнато од страна на три лица од кои едното од нив претходно го познавало, информираат од МВР.

Според полицијата, детето насилно го внеле и го однеле во таванска просторија од куќа во која живеело едно од лицата. Потоа го носеле уште на неколку локации во градот за да питачи. Кога го однеле во близина на „Веро Џамбо“ со цел да питачи, во еден момент детето го забележало неговиот татко, при што се стрчало кон него, а лицето кое го донело се оддалечило во непознат правец.

Во врска со настанот приведен е 60-годишниот Ќ.К. од Скопје и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости