За кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Трајковски ќе гласаат од ВМРО-НП, Достоинство и Обединети за Македонија

by Fokus

Кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски на престојните локални избори ќе ја добие поддршката од ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство.

Гордана Бобулинска од ВМРО-НП од Делчево изјави дека на Централниот комитет на партијата е донесена конечна одлука за поддршка на СДСМ и коалицијата.

Стојанче Ангелов од „Достоинство“ истакна дека Трајковски е вистински кандидат за градоначалник на Делчево бидејќи се работи за чесен човек со одлуки какви што треба да има еден градоначалник.

Поврзани новости