Кичево одвои 12.000 евра за настраданите од земјотресот во Албанија

by Fokus

Советот на Општина Кичево, синоќа на вонредна седница на предлог од градоначалникот на Општината Фатмир Дехари, донесе одлука за доделување 12.000 евра во денарска против вредност помош за настраданити од земјотресот во Албанија.

-Советот на Општината во координација со грдоначалникот Дехари донесе одлука да им се помогне во склад со нашите можности на настраданите во земјотресот во Република Албанија со 12.000 евра во денарска против вредност, рече преседателот на Советот Аќиф Мехдиу, кој при тоа изрази благодарност до сите присутни советници на седницата кои едногласо од сите советнички групи ја изгласаа оваа одкука.

Воедно, на седницата е одлучено денешниот ден (27 ноември) да биде прогласен за ден на жалост во Општина Кичево, за жртвите од земјотресот, поради што сите планирани манифестации од забавен карактер за денеска ќе бидат одложени, информираат од службата за односи со јавноста во Општината.

Поврзани новости