Фетаи: Бонусите на СЈО се испитуваат со брзина на светлината, небаре се работи за криминал на деценијата

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи е првата поранешна специјална обвинителка која прв пат јавно прозборе за бонусите што ги земале обвинителите за доверливост.

Таа порача дека наместо обвинители на предметите тие станале магационери и архивски работници и ги чуваат предметите во кутии.

Според неа, институциите со брзина на светлината работеле да ги испитаат наводите за земените бонуси во СЈО. ”

-Се би било поинаку ако институциите би постапувале вака во текот на сите постапки, порача Фетаи.

Фетаи порача дека тие работеле за месечна плата од 1200 евра, плата за која работат сите обвинители во светот.

-Тоа се пари за кои и претходно се зборувало на пресови и се е тоа предвидено со законот за СЈО, вели Фетаи.

За истражителите на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Фетаи рече дека не се работело за претрес, туку за собирање на документација за предистрага.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости