Комисијата за хартии од вредност денеска донесе одлука со која ја врати понудата од Балкан Петролеум за преземање на Макпетрол и побара компанијата да достави дополнителна документација, пред КХВ да донесе конечна одлука дали ќе дозволи преземање на најголемата македонска нафтена компанија.
Сега во наредниот период Балкан Петролеум ќе треба да ја достави документацијата, за која од КХВ не кажуваат на што се однесува, а потоа Комисијата пак ќе треба да одлучува дали таа е комплетна. Доколку се утврди дека документацијата е целосна, тогаш КХВ во рок од десет дена ќе треба да одлучи дали ќе дозволи преземање на Макпетрол.
Инаку, за понудувачот Балкан Петролеум медиумите пишуваа за сериозни индиции за сомнително потекло на компанијата, која е поврзувана со офшор компании и со бизнисмени со обвинувања за корупција и перење пари.