Словенецот Жбогар ќе биде нов амбасадор на ЕУ во Македонија

by fokus 14:27
14:27

Поранешниот министер за надворешни работи на Словенија и актуелен Специјален претставник на Европската унија на Косово, Самуел Жбогар е нов шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Иако од Европската комисија и од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се уште не сакаат официјално да потврдат, бидејќи подготвуваат соопштение во кое ќе ги објават сите 15 нови ЕУ-амбасадори во земјите од Балканот и поширокиот регион, сепак, Словенецот веќе минатата недела поминал успешно на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент и доби дозвола од 1 септември да ја превземе функцијата од Аиво Орав во Скопје.

Поврзани новости