СДСМ: Цветков демантира Извештај на овластен државен ревизор

by fokus 15:52
15:52

Министерот за земјоделство Михаил Цветков изгледа се уплашил и затоа е збунет, нема друго логично објаснување зошто Цветков се одлучил да пушти таканаречен демант до СДСМ, за наоди во официјален Извештај на овластен државен ревизор, велат денеска од СДСМ.

-Дека власта на Груевски преку Министерството за земјоделство, односно програмата за рурален развој, незаконски исплаќала огромни суми пари на фирми и лица за чистење канали е ревизорски наод во Извештајот за 2014 година. Вкупната исплатена сума на овој начин, што ја наведува ревизорот е близу 3 милиони евра! Цветков лаже дека во Извештајот не е наведена сума на злоупотребени пари, се вепи во соопштението од СДСМ.

Од опозициската партија прашуваат дали фирмата на „омилениот партнер на Груевски“ Ѕинго, Силекс Неметали, е една од тие што добиле од сомнителните близу 3 милиони евра за чистење канали и кои се другите субјекти кај кои отишле пари на незаконски начин.

 

Поврзани новости