Кежаровски: Со тимот на Јанева згасна и последната надеж

by Фокус

Новинарот Томислав Кежаровски и неговата сопруга Марина се разочарани од изборот на обвинители кој го направи специјалната обвинителка Катица Јанева. Дел од тимот на Јанева е и Лиле Стефанова, која беше задолжена за случајот „Ликвидација“ каде побара притвор и затворски казни за судии, адвокати, јавен обвинител, како и за новинарот Кежаровски.

-Со ваков тим можат само наназад. Таа грам надеж што постоеше по формирањето на специјалниот јавен обвинител, сега е загубена. Не станува збор само за мојот случај, вели Кежаровски за А1 ОН.

И неговата сопруга не очекува дека обвинителите кои ги избра Јанева ќе бидат независни и ќе ја спроведат правдата.

-Можам само да ви посакам „Среќна нова 49-та.“ Имајќи предвид како поминавме и какви обвиненија му даде на Томе, не очекувам правдина и се разочарав. Во тој период јас бев изненадена од неа, од начинот на кој Томе беше обвинуван од истата таа обвинителка, а сега треба правда да спроведува, вели Кежаровска.

Поврзани новости