388
Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми во интервју за 24 Вести го повика Студентскиот пленум да се врати во преговорите за новиот закон за високо образование.
-Ги повикувам да се вратат во работните групи за да утврдиме конечно концепт на закон, за нов закон, и евентуално да утврдиме и текст на закон за високо образование. Иако, не верувам дека во овој краток рок до распуштање на Собранието би можело да усвоиме нов закон за високо образование, рече Адеми.
Тој зборуваше и за екстерното тестирање, за кое рече дека останува, но ќе се менува неговиот концепт по мерка на сите засегнати страни. За студентскиот дом Гоце Делчев рече дека ќе се реконструира во фази.