Жерновски ќе ја стопира изградбата на улицата на кејот

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, вчера доставил одлука до советниците за стопирање на градежните активности во повеќе реони, меѓу кои спаѓа и кејот на Вардар, а како точка треба да биде изгласана на следната седница на Советот во вторник, објавува Телма.

-На ваков чекор се одлучивме откако градските власти донесоа одлука за градење на улица на кејот на Вардар. Со таквата улица ќе се уништи кејот ќе се спречи движењето на граѓаните ГТЦ ќе ја изгуби функционалноста со таквата одлука ќе се изгуби најомилетото шеталиште на скопје. Сите се против оваа одлука е штетна и непромислена, вели Жерновски.

Доколку Град Скопје реши да не ја почитува забраната за изградба на улицата, Жерновски вели дека оние што ќе се дрзнат за такво нешто  ќе имаат проблеми со општинските инспектори и со законот.

-Многу јасно е дека овие законски прописи се на наша страна и не ги употребуваме да се инаетиме, туку затоа што сме убедени дека тоа е во интерес на граѓаните, тврди градоначалникот на Центар.

Од Град Скопје реагираат и велат дека не се работи за транспортна, туку за пристапна улица со посебен сообраќаен режим. Тие тврдат дека за улицата ќе има посебен режим и ќе биде достапна за службените возила на Телеком, достава на роба до угостителските објекти.

Поврзани новости