„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба. Го напушти овој свет, а ми вети… Срцето не издржа, престана да работи.. го реанимираа направија сè, престана да дише на кислород ставен, практично апаратурата го држеше. Не издржа бе татко, невидена желба за живот… Лесна ти земја татко мој вешен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено. Сега летај со ангелите… Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе – остана без една половина. Иако пензионирани, не се помири и готово! Крај! Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет“.
Ова во пост на Фејсбук рано утринава го напиша Сашенка Тодоровска, ќерката на популарниот македонски актер, Гоце Тодоровски кој почина на 75-годишна возраст.
Освен ќерката, актерот кој пред се ќе остане да се памети во улогите во Македонските народни приказни, го има и синот Гоце.