СДСМ: Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста – дали му верувате?

by irena 08:29
08:29

Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат „Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници. Министерот Клековски потврди дека имало отстапувања во примероците. Но, предупредувањето дојде доцна“.

„Ова не е технички пропуст туку системски колапс. Кога институциите молчат додека илјадници луѓе се трујат, тогаш повеќе не зборуваме за грешка. Зборуваме за однос кон граѓаните. Одговорноста е јасна. Прашањето е само кога некој конечно ќе ја преземе. Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?“ прашуваат од СДСМ.

Слични вести