Актерката Јована Балашевиќ, ќерка на познатиот новосадски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, во саботата го пријавила својот сопруг Александар Јовановиќ, поранешен претседател на градското собрание на Нови Сад, за семејно насилство.
Како што пишуваат српските медиуми, Јована дошла во станот во улицата Илија Огњановиќ, каде живеела со сопругот, да ги подигне работите и да се исели, потоа дошло до вербална пресметка кога Александар упатил низа навреди кон неа, а потоа ја заклучил Јована во станот.
Информациие се дека Јована потоа и се јавила на нејзината мајка, која контактирала со полиција, а набргу потоа Јовановиќ го отклучил станот и ја пуштил да излезе.
Јована во полиција изјавила дека со години трпи психичко насилство и дека Јовановиќ ја нарекува луда и и вели дека треба да се лекува и да пие лекови.
Инаку, двајцата имаат две малолетни деца, од вонбрачна заедница.
Против Јовановиќ обвинителството поднесе кривична пријава за семејно насилство.