535
Поранешните први луѓе во „Медија принт Македонија“, Срѓан Керим и Јана Станисављева, веќе два месеца се недостапни за специјалното јавно обвинителство, пишува „Макфакс“.
Според информациите, нивната трага се губи од почетокот на октомври, кога и ја напуштиле Македонија. Тоа се случило веднаш по првичниот распит во специјалното јавно обвинителство.
Тие на 13-ти септември беа повикани како сведоци во истрагата, што ја води обвинителството за финансиски злоупотреби во компанијата.