Претседателскиот кандидат на турската опозиција Кемал Киличдароглу, кој според прелиминарните изборни резултати загуби од Реџеп Таип Ердоган во трката за претседател на Турција, вечерва ѝ се обрати на нацијата и порача дека ќе продолжи да се бори за вистинска демократија.
Во говорот од седиштето на неговата партија во Анкара, Киличдароглу не го призна поразот, но кажа дека и покрај сите притисоци, резултатите од изборите ја покажале волјата на народот за промена на авторитарната влада. Борбата за демократија, порача тој, треба да се зачува поради децата, пензионерите, мајките и татковците, земјоделците и трговците.
Во својот говор, Киличдароглу обвини за, како што рече, „најнефер изборите во последните години“.
„Ги доживеавме најнефер изборите пред години. Сите државни средства беа мобилизирани за една политичка партија. Сите можности беа ставени под нозете на еден човек“, истакна опозицискиот лидер.