Мишко Крстевски победи на Фолк фест Валандово!

by Fokus

Вечерва се одржа 36-то издание на популарниот фолк фестивал Валандово, каде беа отпеани 20 новокомпонирани народни песни.

Беа доделени повеќе награди за учесниците. Првата награда ја доби Мишко Крстевски за песната ,,Ема убава”, со музика, текст и аранжман на Љупчо Трајковски – Фис, втората награда отиде во рацете на Елена Андоновска за песната ,,Ни седум неба, ни седум гори”, а третото место го освои Анета и групата Молика со песната ,,Букети од сомнежи”.

Наградата за најдобар дебитант ја доби Адријана Ацевска, позната како Адријана Кеш, за песната ,,Проклет да си”, наградата за најдобар текст ја доби Нино Величковски за песната ,,Песна беше живот мој” со текст на Огнен Неделковски, а Елена Андоновска освои награда и за најдобра интерпретација.

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов им ги врачи наградите на изведувачите.
Фестивалот помина во убава атмосфера, надополнета со двете предфестивалски вечери на отворено, со многу музички гости и посетители од целата земја.

Вики Клинчарова

Поврзани новости