Кекеновски за синоќешната седница во Собрание: Коалициите се распаѓаат, но потребата од пружање на „нужна“ помош останува

by fokus

Професорот, Јове Кекеновски, ги коментира синоќешните случувања во Собранието каде расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељановски заврши на полноќ без парламентот да се произнесе и со тоа го проби рокот од три дена.

Кекеновски вели дека за ова се виновни поранешните коалициски односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои не се, како што вели, целосно прекинати.

„Секоја политичка коалиција си има своја цел и цена. По извесен период истата се распаѓа, а поради променетите околности се создаваат нови коалиции и пријателства, меѓутоа поранешните односи и релации никогаш во целост не се прекинуваат.
Ова особено доаѓа до израз кога на чело на коалиците кои се распаднале биле лидери со исти или слични морални вредности и интелектуални капацитети.
Во таков случај соработката и потребата од пружање на ,,нужна” помош продолжува ефикасно, но тајно и далеку од очите на јавноста“, пишува тој.

Поврзани новости