424
Јове Кекеновски од ФРОДЕМ во изјава за „Фокус“ тврди дека го радува фактот што членовите на ВМРО-ДПМНЕ се освестиле и се борат за реформи и демократизација на партијата, за што тие се бореле веќе десет години.
– Би сакал сите заедно да ги сплотиме силите за вистинска демократизација на партијата, ослободена од криминалните структури бидејќи на државата и е потребно чесно членство и чесни патриоти. Стоиме на располагање, заеднички да ја унапредиме внатрепартиската демократизација, за што партиската врхушка веќе подолг период не третира како фракционери – истакна Кекеновски.