Формирана Иницијатива за реформирање на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објавија дека формирале Републички штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ кој има за цел да ја демократизира партијата.

„Сакаме да означиме почеток на една внатрепартиска иницијатива во ВМРО-ДПМНЕ која има за цел да ја разбуди свеста кај нашите сопартијци за итната потреба од суштински статутарни реформи во нашата партија и ќе ја демократизираат и ќе ја вратат назад на нејзините членови. Нашата иницијатива произлезе од желбата на илјадници членови на партијата кои во изминатиот период ги носеа победите на ВМРО-ДПМНЕ а немаа можност да учествуваат во одлучувањето на партијата“, рече Александар Михајловски, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес конференцијата присуствуваше и Влатко Атанасовски директор на Агенција за пошти, како и други членови на партијата.

Според Михајловски иницијативата не е никаков обид за разнебитување на партијата туку ќе се обиде да работи на недостатокот од демократски капацитет во неа.

„Прва цел е измена на статутот со што ќе се внесе демократски дух во партијата. Ние како долгогодишни членови на партијата веруваме дека демократизацијата на партијата е единствениот пат за стабилизирање и враќање на нејзината сила и моќ

Почитувани членови, активисти ние сме свесни дека многу партиски активности беа направени во изминатиов период без ваша искрена желба и без ваша поддршка. Овој начин на функционирање на партијата мора да се смени. Легитимитет и легалитетот во органите на ВМРО-ДПМНЕ извира од членовите на партијата. Својата сила ја црпи од своето членство“, рече Михајловски.

Поврзани новости