461
Универзитетскиот професор Јове Кекеновски, кој е еден од основачите на ФРОДЕМ, смета дека време е за улична демократија, бидејќи преговорите не даваат резултати.
– Не е прв пат да ја видам недоседноста на политичката сцена кога за теснопартиските интереси постои спремност да се проблематизира суверенитетот, интегритетот и унитарниот карактер на државата. Се оди до таму, да им се дозволува на странците да ни кажуваат кого да бираме и зошто да бираме. Она што е уште пострашно е тоа што договореното не се почитува, со што го губиме кредибилитетот кај меѓународната заедница и не би ме чудело ако таа преземе поригорозни мерки – рече Кекеновски.