Фрчкоски: Сега се крши диктатурата!

by Фокус

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски оценува дека сега се одвива процесот на кршење на коските на диктатурата.

– Ако се пробијат роковите за избори не е страшно, важно е диктатурата да се сруши и да се обезбеди нов почеток за демократијата. Ако преговорите пропаѓаат, ако гледаме од аспект на казнувањето на Владата, тогаш тоа може да биде комплетна изолација на Македонија и нејзино ставање на последниот колосек во евроатланските интергации и персонално ставање на политичарите кои се актери на кризата на црна листа. Тој процес би одел во понатамошни колапси на македонското секојдневие – вели Фрчкоски.

Поврзани новости