Цивил повикува на граѓанска истрага за кршење на гласачкото право

by Фокус
Невладината органзиација Цивил информира дека ќе започне проект Граѓански објектив, во кој можат да учествуваат сите полнолетни граѓани, со фотографии, видео и аудио снимки и текстови за сите видови закани, уцени, корупција во изборен контекст и кршење на гласачкото право.
„Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, како и секој што има барем основни вештини за пишување, повикан е да се вклучи во нашиот проект“, велат од Цивил.
Граѓански објектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за дологорочно изборно набљудување.

Поврзани новости