Берлин бара градење на доверба меѓу Македонија и Грција

by Фокус

Според грчкиот весник „Катимерини“, Берлин стои зад барањето на Грција за усвојување на мерки за градење на доверба со Македонија. За таа цел треба да се формира и комитет на високо ниво меѓу двете држави, објави  „Катимерини“ повикувајќи се на дипломатски извори, пренесува телевизија Алфа.

„Според истите извори, Атина има добиено уверување од Скопје оти ја прифаќа дебатата и оти тие се обврзале дека нема да стават на маса други прашања, на пример, прашањето за малцинствата, и поради тоа постои позитивен одзив од Алексис Ципрас и Никос Коѕиас“,  пишува грчкиот весник.

Тема на преговорите би била елиминирање на иредентизмот кој, според грчката страна, го има во официјалната политика на Македонија. Според „Катимерини“, македонската страна наводно, ги прифатила овие преговори.

Поврзани новости