Се јавија еден куп нови експертутки кои преку наменско толкување на Законот за јазици и се додворуваат на власта, пишува денеска професорот Јове Кекеновски.
-Се изнаредија еден куп експерти по однос на Законот за употреба на јазиците. Мислам дека толку експерти, на толку мал простор нема никаде во светот. Освен первертитите односно т.н експерти за сите времиња чии ставови се базирааат на дневна политика или на тоа кој повеќе плати, се јавија и еден куп нови експертутки. Срамно е што голем дел од нив без око да им трепне јавно профитираат и се обидуваат да се додворат (секој на свој начин) на политичките власти во обидот политичкии и наменски да ги толкуваат случувањата со донесување на Законот и неговото потпишување или непотпишување. За жал тоа е кога науката и она малку знаење се става во служба на дневната политиката и моменталното мнозинство. Да имавме саглам Устав, Уставен суд, саглам експерти кои ке држат до правото и саглам политички лидери не ќе се доведовме во оваа ситуација.
Вака личиме на село без кучиња, напиша Кековски на својот Фејсбук профил.