Кекеновски: На списокот се потпишани луѓе кои направија бизнис од образованието

by Фокус

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски остро реагираше на својот фејсбук профил, откако вчера околу 200 професори формираа Граѓанска иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование. Според него, со оваа иницијатива, потпишаните професори не можеле да направат поголема глупост и поголема девалвација на истата.

– На списокот потпишани се луѓе кои направија бизнис од образованието, луѓе кои го девалвираа високото образование, луѓе кои за одредена сума на пари доделуваат дипломи, луѓе кои на сомнителен начин се здобиле со тутула доктор на науки, а на уште посомнителен начин со наставно звање. Па јавна тајна е дека кај некои од потписниците на иницијативата преку ноќ се запишуваат нови студенти, а веќе утредента на истите им издаваат дипломи. Јавна тајна е дека со дипломи се здобиле студенти кои воопшти и не знаат каде се наоѓа факултетот од кој ја ,,стекнале” дипломата – пишува професорот Кекеновски на својот фејсбук профил.

 

Поврзани новости