675
Бројката на заразени од корона вирус во Македонија е во благ пад во последните неколку седмици.
Токму поради ова, првиот човек на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски најави олабавување на мерките.
„Четврта недела по ред се намалуваат бројките на заразени и смртни случаи во земјава. Таквата ситуација ни дава простор да размислиме за дополнително олабавување на мерките, но треба да бидеме многу внимателни и да не носиме избрзани одлуки кои негативно ќе се одразат“, рече Петличковски.