Ќе се жени британскиот премиер Џонсон

by Fokus

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и неговата вереница, Кери Сајмондс го одредија датумот на нивната венчавка. Како што пишува таблоидот „Сан“, тие ќе се венчаат на 30 јули, 2022 година. Парот се вери во 2019 година, но поради пандемијата, нивната венчавка се одложи.

За премиерот Џонсон ова е трет брак. Тој првпат се ожени во 1987 година со Алегра Мостин-Овен, а се разделија во 1993-та. Веднаш после тоа се венчаше со Марина Вилер, а во 2018 решија да „раскинат“.

Поврзани новости