735
На годишнината на Охридскиот мировен договор, во Сабота на 13 август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, соопшти заменикот на премиерот на РСМ, Артан Груби.
На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 130 милиони евра со што ќе се отворат 900 нови работни места, додаде тој.