Шахот ќе биде изборен предмет од новата учебна година

by Fokus

Шахот ќе биде изборен предмет за децата од прво и второ одделение од новата учебна година, потврди Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), откако нејзината програма била прифатена од Бирото за развој на образованието.

– Неколку години се обидувавме да го воведеме шахот како изборен предмет, по примерот на неколку други земји, како Полска и Англија. Оваа година наидовме на позитивен пристап од страна на Министерството за образование и министерот Јетон Шаќири, па така почна целата иницијатива. Шахот има многу придобивки. Децата кои го изучуваат шахот од рани години имаат зголемена концентрација, подобро логичко размислување, подобри се во решавањето проблеми, анализа и слично, велат од Шаховската федерација.

Програмата за шах во училишта е изработена во соработка со интернационалниот мајстор Орце Данчевски, кој ги држи часовите по шах во основното училиште „Јахја Кемал“, каде што веќе десетина години шахот е задолжителен предмет за учениците од прво, второ и трето одделение.

Поврзани новости