Ќе се постави бројчаник на триумфалната порта во Скопје, ќе ги мери нападите врз полициските службеници

by Fokus

Независниот полициски синдикат денеска најави дека на триумфалната порта во Скопје ќе постави бројчаник кој нема да ги мери вратените украдени пари во буџетот туку бројот на напади врз полициски служебници.

„Крајно сериозната и загрижувачка е состојба со нападите врз полисиските службеници кои веќе ја стигнаа бројката од 7 напади во 5 дена“, додадоа од независниот синдикат на полицијата.

Од независниот синдикат на полицијата најавуваат дека ќе постават бројчаник кој ќе го прикажува бројот на нападнати УПС во МВР.

Претходно, поранешниот премиер Зоран Заев во изборната кампања најавуваше дека ќе постави бројчаник на портата кој ќе ги прикажува вратените украдени пари од буџетот на државата. Но тоа никогаш не се случи.

Поврзани новости