647
Екс-премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нема да се води како оправдано отсутен од седниците во Собранието.
Исто така, неговата плата ќе се намалува за пет отсто со секои три отсуства од пленарните седници. До ваков заклучок дошле координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието.
На средбата било договорено по изминувањето на шестте месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно да биде ставено на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат.