Заев: Груевски ќе ја отслужи казната, избега како кукавица и потврдува дека е виновен

by fokus

Премиерот Зоран Заев е оптимист дека Никола Груевски порано или подоцна ќе се врати во земјата и ќе ја отслужи казната.

Како што порача Заев, Унгарија како држава нема да дозволи прекршување на меѓународните договори.

„Дојде моментот да се прифати одговорноста. Груевски избега како кукавица надвор од Македонија. Тоа е потврда дека е виновен, а казните мора да бидат одлежани. Ние ќе направиме се, за да го испорачаме назад Груевски“, истакна Заев на денешната прес-конференција.

Поврзани новости