Ќе се именуваат и ќе се разрешуваат функционери на денешната владина седница

by Fokus

На денешната владина седница ќе се разгледуваат предлозите за заменици министри и именувања и разрешувања на владини функционери.

ДУИ и Алијансата за Албанците ги поднесоа предлозите за заменици министри во одделни министерства. ДУИ во новата влада ќе ги добие заменичките позиции во МВР, oдбрана, oбразование и финансии (Агим Нухиу, Беким Максути, Висар Ганиу и Ширете Елези).

Од Алијанса за Албанците предложени се Арта Tочи предложена за заменик министерка за надворешни работи, Мехмет Ремзи за транспорт и врски и Елми Азири за труд и социјална политика.

Откако Владата ќе ги прифати овие предлози, следува верификација на мандатите во Собранието, што би требало да се случи утре.

Денеска на владина седница се очекува именувањето на новите директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР.

Поврзани новости