Советот на јавни обвинители ќе расправа за предлогот за разрешување на Марко Зврлевски

by Fokus

Советот на јавни обвинители, денеска ќе расправа и треба да донесе одлука за барањето од Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Два пати премиерот Зоран Заев бараше оставка од Зврлевски, но тој одлучи да молчи, по што Владата поднесе предлог за негово разрешување.

Од 11 члена право на одлучуање ќе имаат десет члена бидејќи Зврлевски сам за себе не може да гласа. Марко Зврлевски, има право писмено да се произнесе за предлогот на Владата за негово разрешување, но нема право да учествува на седницата на Советот на јавни обвинители, чиј член е по службена должност, на која ќе се расправа по предлогот за разрешување.

Поврзани новости