Ќе продолжи ли потрагата по Сала: Над 40 илјади навивачи на Нант потпишаа петиција

by fokus

Навивачите на Нант не ја губат надежта за пронаоѓање на Емилијано Сала. Тие веруваат дека тој е жив и дека може да биде спасен.

Повеќе од 40 илјади од нив се потпишаа на петицијата за продолжување на потрагата по доскорешниот нивни играч кој направи трансфер во Кардиф.

Вечерта на 21 јануари, Сала се збогуваше со своите поранешни соиграчи во Нант и со изнајмен авион замина од Франција кон Велс.

На патот кон Кардиф, авионот во кој се наоѓаа пилотот и Сала исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови. По тридневна операција за пребарување и спасување, откриени се метални предмети за кои се претпоставува дека можат да бидат дел од исчезнатиот авион.

Вчера полицијата соопшти дека операцијата за пребарување не била успешна и дека се прекинува.

Поврзани новости