Ќе поскапи и вадењето на лични документи

by Fokus

За лична карта граѓаните ќе мораат да платат 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Возачката дозвола ќе чини 410 денари, што е поскапо за 130 денари. Цената на пасош за лице до 27 години останува 1500 денари, но за лице над 27 години ќе изнесува 2000 денари.

Овие цени се дел од новото решение за цени на Министерството за внатрешни работи. Ќе има промени и во цените по итна постапка. Пасошот по итна постапка ќе чини 6.100 денари, што е зголемување за 1.600 денари, додека пак за возачка дозвола ќе се наплаќа 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари.

Цените на личните документи се менуваат со одлука на Владата. Од МВР велат дека поскапувањата се поради зголемени набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот и набавка на нови машини.

Инаку, граѓаните имаат обврска да ги сменат личните документи така што старите на кои пишува Република Македонија ќе бидат надвор од употреба. Од февруари 2024 мора на сите документи да стои официјалното име на државата Република Северна Македонија.

Поврзани новости