Ќе организираме херојска стража на 4 февруари на гробот на Гоце Делчев

by Fokus

Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“ соопшти дека ова партиско тело на 4 февруари, кога се одбележува роденденот на револуционерот, ќе оддаде целодневна херојска стража на неговиот гроб.

„Ќе организираме херојска стража и ќе имаме целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев, затоа што Гоце е Македонија. И ги повикуваме сите граѓани почитувачи на делото на Делчев да изразиме заедничка мирна и достоинствена почит кон великанот“, рече Пандов.

Поврзани новости