Ќе објавам видео снимка на која се гледа како обвинителката и судот се договараат да ме осудат, тврди Рашковски

by Fokus

Поранешниот генерален секретар во првата влада на поранешниот премиер, Зоран Заев тврди дека ќе објави видео снимка на која се гледа како судот и обвинителката во овој случај, Ивана Трајчева се договарале да го осудат.

Откако обвинителството побара притвор за Рашковски тој стана и рече дека уште од почеток му било јасно дека овој судски совет требало на сила да ја турка работата да биде осуден.

Тврди дека поседува видео снимка на којашто се гледало како во текот на целиот судски процес обвинителката се договарала со судот како да го осудат, како да се изведат доказите и како се носеле сите одлуки во врска со него.

На снимката се слушало и како обвинителката и судот ја нарекувале проста жена правобранителката и дека ќе објавел снимки од тестовите кои тој ги прегледувал на кои полагале и обвинителката и судијката.

Рашковски денеска беше неправосилно осуден на осум години затвор за набавката на софтверот за безбедност во сообраќајот, а обвинителката побара притвор за него и уште тројца други обвинети.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости