Рама: Не сум побарал средба со Касами, добар дечко, никогаш не би го отстранил од функцијата градоначалник

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама, кој денес е во Скопје, рече дека градоначалникот на Тетово и претседател на политичката партија Беса, Билал Касами не може да одбие да се сретне со него, бидејќи тој воопшто не побарал состанок со него. Рама ова го кажа во одговор на новинарско прашање како ќе го коментира одбивањето на Касами и на косовскиот премиер Албин Курти да се сретнат со него и дали со тоа се нарушува угледот на Албанците во региоонот.

„Како можел да одбие да се сретне со мене, кога јас не сум побарал да се состанок со него!? зачудено праша Рама.

Потоа тој додаде дека Кассми можеби превентивно кажал такво нешто.

„Или можеби претходно одбил мислејќи дека јас можеби ќе побарам состанок со него. Е тоа би било превентивно одбивање. Билал е градоначалник на Тетово нели? Добар дечко. Никогаш не би го отстранил од функцијата на градоначалник“, се пошегува Рама

Поврзани новости