Ќе има секојдневни протести додека не се смени Законот за извршители: Правичен Закон или сами ќе се пресметуваме со извршителите

by fokus

Конфедерацијата на синдикални организации и заедно со Левица пристигнаа пред Влада каде бараат промена на Законот за извршители. Најавија дека ќе има секојдневни протести додека не се смени Законот.

-Нашата плата е за ранење на нашите семејства, немаме намера да ја даваме на извршителите. Бараме правичен закон или сами ќе се справуваме со извршителите. Само Господ може да не спречи во оваа борба, порачаа демонстрантите.

Пред Владата беа пуштани говори од премиерот Зоран Заев кога беше беше во опозицијата и ветуваше дека извршителите ќе бидат укинати. Беше пуштен и говор на Стево Пендровски каде вели дека после 11 декември извршителите ќе бидат укинати.

А.Т.

Поврзани новости