(ГАЛЕРИЈА) Претседателот на ССМ достави проглас до Владата, откако полицијата го испита

by fokus

ССМ предмалку до Владата го достави проглас за работничките права, откако повеќето синдикати кои денеска протестираа од различни места се сретнаа пред владината зграда.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски беше пуштен од полицијата да го достави прогласот, откако неговите придружници не беа пропуштени. Полицијата ги испита Димовски и придружбата дали имаат договорено средба со премиерот.

Претседателот на ССМ пред да го достави прогласот рече дека работниците се потиснати и прифаќаат секакви услови за работа  и порача дека ќе се справат со сите оние кои ги кршат работничките права.

Поврзани новости