Ќе го разбие ли Тамара евровизискиот малер?

by fokus

Поп пејачката Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019, која ќе се случува од од 14-ти до 18-ти мај во Тел Авив, Израел, информира МРТ. Веќе се компонирале песни за настанот, а најдобрата со која Тодевска ќе настапи во Израел ќе била избрана од неа и од тимот на МРТ.

-Нека ни е со среќа, многу сум возбудена – порача таа на социјалните мрежи.

Тамара ја претставуваше земјава на Евровизија во Белград, заедно со Адријан Гаџа и Врчак, во 2008 година. Тогаш не се пласираа во финалето. Беше придружен вокал на Тоше Проески на Евровизијата во Турција во 2004 година, но и во 2014 година, кога наш претставник во Данска беше нејзината сестра Тијана.

Македонија веќе со години наназад ниже лоши резултати на популарната музичка манифестација. Од како учествуваме на Евровизија, од 1998 година, редовно влегувавме во финале, но секогаш бевме без висок пласман. За прв пат не влеговме во финале во 2008 година, со настапот на Тамара, Врчак и Гаџа. По нив, следуваа учества на Некст Тајм, Ѓоко Танески и Били Ѕвер, Влатко Илиевски, Калиопи, Есма и Лозано, Тијана, Даниел Кајмакоски, повторно Калиопи, Јана Бурческа и Ај Кју, лани. Од сите исполнители од 2008 година, па натаму, единствено Калиопи влезе во финале во 2012 година со песната ,,Црно и бело”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости