Ќе биде распишан нов оглас за избор на претседател на Кривичниот суд

by fokus

Судскиот совет на вчерашната седница донел одлука да се ставаат вон сила сите активни огласи за избор на судии или претседатели на суд, поради повторно огласување, односно со ова се поништува и огласот за избор на претседател на Кривичниот суд, место, за кое во трката останаа екс претседателот на Судот, Владимир Панчевски и судијата Иван Џолев.

Како што потврдува претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, сите огласи објавени пред први јануари 2017 година се ставаат вон сила поради нивна застареност и поради процесот на редовно оценување на судиите за 2015 и 2016 година.

Сега Кривичен го води в.д претседателот Стојанче Рибарев кој последно направи нов распоред на судии и судиите кои беа распреелени да судат предмети само по стариот Закон за кривична постапка и со тоа немаа можност да одлучуваат по предметите на СЈО, се вратени на старите позиции. Судиите се сомневаа дека распоредот бил наменски направен.

Рибарев во соопштение до медиумите потврди дека е направен нов распоред на судиите, но тврди дека тоа не било поврзано со предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Овој процес се очекува да заврши во текот на наредната недела, па потоа да биде објавен нов оглас.

Поврзани новости