Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната седница во Собранието рече дека жали што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се присутни да го поддржат договорот за добрососедство со Бугарија. Како што рече министерот, претходната влас на ВМРО-ДПМНЕ е виновна што Бугарија инсистирала тој да се потпише.
-Ќе беше убаво да беа тука и да го поддржеа овој договор. Се надевам ќе најдат сили во иднина за следни важни чекори за иднината на Република Македонија, да бидат кооперативни и да бидат тука. Особено затоа што потребата од ваков договор произлезе од политика што ги влоши одности до дереџе другата страна да инсистира да се потпише овој договор – рече Димитров.
Во своето обраќање во парламентот, министерот рече дека зад ратификацијата на договорот стои симболика во датумот, затоа што на денешен ден Бугарија ја признала независноста на Македонија.
-Ниту ние, ниту Бугарија не сме среќни со овој текст. Меѓутоа факт е дека со договорот и двете државме растевме, дававме сигнал дека и во нашиот регион може да се однесуваме европски. Важно е што двете страни се осмеливме да излеземе од безбедноста што ја даваат рововите на историјата, што укажува на зголемена самодоверба во нашето општество кое созреа по големата криза на неказнивост. Затоа убаво е кон соседите да се однесуваме како кон еднакви, да создаваме пријатели, а не непријатели – посочи министерот.
Тој додаде дека со договорот двете земји се обврзуваат да разиваат сестрани односи меѓу себе, да ја развива соработката во евроатланската интеграција, да создаваат економски и трговски услови, туристичка размена, да организираат согласност на заедничко чествување на заеднички настани и личности, да не поттикнуваат дејства насочени против другата држава и да ги зашттуваа државјаните на другата држава на своја територија.