Кривичен суд: Василевски, Арнаудов и Бетмен во моментот не штрајкуваат со глад

by fokus

По информацијата дека Сашо Василески, Љубен Анранудов и Богдан Илиевски -Бетмен, осомничени за насилството во Собранието, од вчера почнале штрај со глад во истражниот затвор „Скопје“, од Кривичниот суд не информираат дека од затворот добиле известување дека во моментот нема штрајк со глад.

-Во моментот нема штрајк со глад, ова е известувањето што судијата на претходна постапка го доби од истражниот затвор „Скопје“, велат од Кривичниот суд.

Новопоставениот директор на затворот, Ѓоко Котевски, не сакаше да одговори на прашањето на „Фокус“, дали овие притвореници ја одбиваат храната, упатувајќи не на одговор во судот. Досега, пак, неговите претходници секогаш одговараа на слични прашања.

В.В.

 

Поврзани новости