Илјадници мигранти во Гевгелија и околината

by Фокус

Илјадници мигранти, кои вчера и утринава ја совладаа полициската блокада на македонско-грчката граница, моментално се наоѓаат во Гевгелија и околината, чекајќи превоз кон север.

Најголем дел од нив се надеваат на воз кој ќе ги префрли до Табановце, други се превезуваат со редовен автобус до Скопје, додека некои одат со такси за цена од сто евра.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков ги увери жителите на Гевгелија дека овие проблеми набрзо ќе се надминат.

Поврзани новости