ДОМ: Бегалците треба да добијат хуман третман

by Фокус

Како држава потписничка на конвенциите за човековите права и правата на бегалците, преку институциите треба соодветно да ја менаџираме состојбата на грчко-македнската граница и да обезбедиме хуман третман на бегалците, медицинска помош и згрижување на најранливите категории, смета ДОМ.

„Треба да се обезбеди доволен број службени лица за побрза евиденција на бегалците, за згрижување на ранливите категории и пружање прва помош. Полицијата и војската секакако ќе помагаат, но како за мирнодопски услови, за што се исто така обучени“, стои во соопштението на партијата.

Поврзани новости